„Егзит“ во Маврово: снежна журка со познати диџеји на Трифкова колиба

Во сабота на 11 -ти март во Маврово ќе се одржи дневна журка со неколку познати диџеји од Франција и Грција. „Егизит“ во сорботка со Ајкос на „Трифкова колиба“ во ски-центрот Маврово ќе органираат загревање за овогодишниот Егзит фестивал, со француската афро-хаус музичарка Авен, позната по соработката со продуцентскиот колектив Каинемузик, како и грчките продуценти и диџеи Лива К, Атсу и Ле Крок, а влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Домаќини на снежната журка на Маврово ќе бидат Ајкос и Егзит фестивал, кои заедно ќе ја угостат една од водечките етикети на афро-хаус сцената – Мадорас Ин Д Хаус. Пред влијателната етикета на „Трифкова Колиба“ на 11-ти март пристигнува париската пејачка, продуцентка и диџејка Авен, главниот вокал на траката „Јуар Војс“, најслушаниот афро-хаус хит во 2022 година, кој само на платформата „Спотифај“ брои дури три милиони слушања.

Ремикс на оваа трака направиАдам Порт од еден од најбараните електронски колективи на денешницатат Каинемузик, со кој музичарката ќе настапи на „Коачела“ во април годинава.

На Маврово пристигнуваат и грчките продуценти и диџеи Лива К и Атсу, кои зад себе имаат неколку заеднички изданија, а чиј нов ремикс за песната „ Ај сеја литл плејр фор ју“ беше водечката трака на хаус топ-листите во јануари. Им се придружува и Ле Крок, кој минатата година беше на „Траксорс“ листата на 500 најслушани изведувачи на електронската музика.

Влезот на забавата на „Трифкова Колиба“ во македонскиот скијачки центар Маврово на 11. март ќе биде слободен и отворен за сите посетители, а билетите за ски-центарот ќе бидат со промотивни цени.

[/video]
Scroll to Top