(Фото) Анџелина Џоли просведочи за животот во Мосул

Амбасадорот на Обединетите Нации за бегалците, Анџелина Џоли го посети бегалскиот камп во Ирак, кој претставува дом за илјадниците раселени од Сирија.

Холивудската актерка го посети кампот за време на обиколката на Мосул.

По доаѓањето во камот Домиз, во кој живеат повеќе од 33.000 бегалци од војната во растурената Сирија, Џоли разговарала со неколку семејства за стравовите со кои тие се соочуваат.

Ден претходно, Џоли го посети и Мосул, од каде ја повика меѓународната заедница да помогне во обновата на Ирак и овој град.

Местото година дена по ослободувањето од Исламската држава, целата е во рушевини.

„Ова место претрпело целосно уништување. Овие луѓе изгубиле се. Обновувањето го прават самите, со свои раце и мора да им се помогне“, изјавила Џоли.

„Немаат лекови за нивните деца, а многумина немаат ни вода. И понатаму се опкружении со лешеви кои се распаѓаат под рушевините. По незамисливите трауми од времето на окупација, овие луѓето продолжуваат да ги обновуваат своите домови без ничија помош“, изјавила Џоли.

Scroll to Top