(Фото) Џони Деп ужива во црногорските специјалитети во Будва

Холивудскиот актер Џони Деп во моментов престојува во еден од најлуксузните хотели на јадранскиот брег во Будва ,пишуваат српските медиуми.

Папараците го снимиле Деп во опуштена атмосфера со пријатели и дел од персоналот во хотелот. Деп вели дека уживал во црногорските специјалитети што му биле понудени.

Од менаџментот на хотелот велат дека ги имаат добиено највисоките оценки од сите црногорски угостителски објекти и велат дека професионално си ја завршиле обврската да молчат за пристигнувањето на Џони Деп кај нив.

Хотелот досега го посетиле голем број светски музички и филмски ѕвезди, а сопствениците велат дека досега многупати ја докажале својата професионалност и лојалност во обврските што ги имале кон нив.

Џони Деп изминатиот период престојуваше во Белград, каде што го снимаше неговиот најнов филм „Минамата“.

 

Scroll to Top