Британката Елизабет Харли важи за една од најсексапилните светски актерки и модели во светот. Светските таблоиди со право пишуваат дека таа има совршена фигура и покрај тоа што е во шестата деценија во животот.
Холивудската ѕвезда често знае да позира во костими за капење, но сега направи преседан и се сликаше во проѕирна кошула, а фотографиите ги објавила на социјалните мрежи.
Харли веднаш го украде вниманието на своите обожаватели. Речиси сите ја преплавија со коментари за тоа дека не носи градник.
„Верувам дека многумина зумираа“, напишал еден нејзин обожавател.