(Фото) Флавио Бријаторе се заразил со коронавирус на фудбалски меч со Синиша Михајловиќ

Италијанскиот милионер Флавио Бриаторе е позитивен на коронавирус. Тајкунот веднаш бил префрлен во болница, а неговата состојба е сериозна, велат лекарите, а пренесува италијанскиот весник L’Espresso.

Тој во понеделникот бил сместен во болницата Сан Рафаеле во Милано. Тој не е на интезивна нега, но неговата состојба е сериозна, пренесуваат италијанските медиуми.

Неколку дена пред хоспитализацијата, Бријаторе изразуваше бунт, говорејќи дека мерките кои се на сила поради пандемијата со коронавирусот, биле премногу строги.

Се бунтувае поради тоа што нема ноќен живот, а му сметаше и тоа што неговиот клуб „Билионаре“, на Сардинија, бил затворен од 17. август.

Како што пренесуваат медиумите, Бриаторе на 15 август бил на фудбалски натпревар со ВИП лица, заедно со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, кој исто така е позитивен на коронавирус.

Scroll to Top