Фустанот на принцезата Дијана во боја на модар патлиџан продаден за рекордни 600.000 долари

Фустанот со боја на модар патлиџан што го носеше принцезата Дијана е продаден за 604.800 долари, објави аукциската куќа Сотби на Твитер.

„Иконскиот фустан на принцезата Дијана од дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, речиси 500.000 долари над проценката, по круг жестоко наддавање во аукциската соба“, се вели на Твитер.

Сотби во новиот твит нагласи дека фустанот ја запечатил својата судбина како највредниот фустан некогаш продаден на аукција.

Сотби го процени фустанот помеѓу 80.000 и 120.000 долари, а беше дел од колекцијата од 80 фустани на принцезата Дијана кои беа продадени на аукција во 1997 година за добротворни цели.

Тогаш креацијата на Еделштајн беше продадена за 24.150 долари, објави Сотби, но не откри кој е новиот сопственик.

Scroll to Top