Загрепскиот сценарист од Скопје, Марјач Алчевски, е автор на нова серија на ХБО со наслов „Успех“ и победник на натпреварот „ХБО фрст драфт“.
Оригиналната серија ќе има шест епизоди, македонскиот автор Марјан Алчевски ќе биде сценарист, а режисер на серијата е Данис Тановиќ.
„Успех“ се опишува како мрачна дисекција на денешното општество, повеќеслојна драма фокусирана на ликовите.
„Сценариото на Марјан Алчевски е неверојатно и навистина сум среќен што ХБО го препозна неговиот квалитет и ми даде шанса да соработувам со него„ изјави оскаровецот Данис Тановиќ.