Хороскоп за 21 септември: Одличен ден за ракот, овенот ќе бара пари

ОВЕН
Потребни ви се пари, но не знаете како да дојдете до нив. Наскоро, вниманието ќе ви биде насочено кон завршувањето на други работи, па затоа побрзајте да ја обезбедите потребната сума пари. Еден пријател ќе ве замоли да му помогнете околу некој проблем.

БИК
Ви претстојат многу работи кои треба да ги завршите и тоа е причината поради која се наоѓате во стресна состојба. Ако проблемот е во парите, не мислете се – едноставно побарајте. Можеби ќе треба да ги заработите, но и на тој начин, сепак, на крајот ќе добиете бонус.

БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте им на своите најдлабоки мисли да ве доведат во тесно и да ве збунат. Гледајте на нив од посветлата страна: тие се тука за да ве разбудат и да придонесат да станете подобри и посвесни, и за себе и за околината.

РАК
Денешниов ден е одличен за вас. Веројатно ќе слушнете некои вести кои ќе ве развеселат, а се врзани за вашата работа или идни планови. Сепак, денеска не правете сцени или некои поголеми промени. Обидете се да им помогнете на оние на кои им е потребна вашата помош.

ЛАВ
Чувствувате дека промените ви годат. Следете ја својата рационална, практична страна и не подлегнувајте на сомнежите. Дури и ако фантазиите ве одведат од конкретната акција, не дозволувајте да влезете во бајка. Останете реални.

ДЕВИЦА
Лесно ќе ве изнервира бучната и неорганизирана околина, но обидете се да го одбегнете губењето на енергијата на тој начин. Имено, морате да останете во одлична форма за да можете успешно да се соочите со низата попладневни деловни проблеми.

ТЕРЕЗИЈА
Се чувствувате одлично и подготвени сте да го победите секој оној што ќе се обиде да ве навреди. Меѓутоа, малку сте ограничени и не можете правилно да ги согледате работите. Некои од нив дури и не сфаќате дека ги знаете. Соработувајте со другите.

СКОРПИЈА
Иако немате контрола ниту за секунда врз сопствениот дневен распоред, па се чувствувате и лудо растргнати на сто страни, сè ќе мине во најдобар ред доколку се препуштите на текот на настаните, без обиди да ги менувате. Уживајте во изненадувањата.

СТРЕЛЕЦ
Иако сте свесни за промените и низата на задачи кои треба да ги завршите – не брзате никаде. Всушност, можеби најдобар начин пред да појдете во акција е да запрете, длабоко да дишете и смирено да почнете со она што сте го замислиле.

ЈАРЕЦ
По изгубената самодоверба ѝ се враќате на поранешната љубов. Соочете се со проблемот зашто бегството во минатото не е и решение, туку само непотребно одложување. Во последно време вечерате многу доцна, а тоа не е здраво.

ВОДОЛИЈА
Не бегајте од своите најдлабоки чувства дури и кога болката, односно стравот станува сè  поголем и поголем. Едноставно следете го својот инстинкт и ќе ги добиете одговорите кои ќе ви помогнат да се подготвите за нови и подобри искуства.

РИБИ
Ќе размислувате кој сте и зошто сте и што треба да направите за да успеете. Ќе се концентрирате на внимателното финансиско планирање – не потценувајте се ниту себе, ниту своите можности и достоинствено наплатете ги своите услуги.

Scroll to Top