Хрватски новинар за кралицата Елизабета: Таа беше Србинка, ама малку е и наша

Новинарот Зоран Шпрајц во емисијата „Состојба на нацијата“, која се емитува на „РТЛ“, се прости од кралицата Елизабета Втора во негов стил.

„Не можете, а да не слушнете и не видите дека почина англиската кралица Елизабета. Не само Англија, туку во жалост е целиот свет, вклучувајќи ја и Хрватска, а најмногу тажен е Андреј Пленковиќ, затоа што нејзината смрт целосно го засени неговиот енергетски пакет со кој сакаше да се пофали следната недела“, рече Шпрајц и додаде:

„Но, не треба да чуди што кралицата Елизабета тука е толку популарна. Еве, медиумите пренесуваат дека таа потекнува од Осијек, односно нејзиниот прадедо, а ако прадедо ѝ потекнува од таму, тогаш и таа е од Осијек. Тогаш таа е наша кралица. Сепак некои од српските медиуми алудираат на тоа дека е Србинка, затоа што потекнува од лозата на Немањик, а тие се Срби, па кралицата е Србинка. Јасно е како ден“.

„Со други зборови, Елизабета Втора може да биде кралицата на Англија и Комонвелтата, но пред сè е хрватско-српска кралица. Или српско-хрватска кралица. Во тоа име сакаме да ја испратиме старата дама на најдобар начин на кој знаеме, со нејзиниот омилен бенд и нејзината омилена песна Jer Queen is dead, but Punk is not Dead”, рече Шрајц.

 

Scroll to Top