Хулк Хоган се ожени по третпат на 70 години

Американската боречка легенда Хулк Хоган се ожени по трет пат на 70 години. Неговата последна сопруга се вика Скај Дејли, а венчавката ја направија на Флорида. Свадбата беше скромна, во кругот на најблиски пријатели и семејството.

Не дојде само неговата 35-годишна ќерка од првиот брак Брук. Од друга страна, нејзиниот помлад брат Ник (32) беше присутен и сподели делови од прославата. Халк и Скај претходно беа во врска околу година и пол. Се запознале на почетокот на 2022 година на забава со заеднички пријатели.

Бргу потоа Хоган ја запроси со дијамантски прстен од 100.000 долари. Пред Скај, Хоган имаше турбулентен развод со својата втора сопруга Линда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hulk Hogan (@hulkhogan)

За потсетување тој е еден од најпознатите и највлијателните професионални борачи во историјата. Најпознат по неговите успеси во Американското борење (WWE). Стана познат по својата посебна харизма, карактеристичен изглед и возбудливи борби во рингот.

Во текот на кариерата освои многу светски шампионски титули, а неговиот лик и изглед станаа препознатливи во светот на спортот и забавата. Хоган е популарен и надвор од рингот, се појавува во филмови, ТВ емисии и има успешна кариера како актер и медиумска личност.

Иако неговата професионална боречка кариера опфаќаше различни епохи и организации, Хоган остана еден од најпрепознатливите и најсаканите борачи во историјата и имаше значително влијание врз популарноста и комерцијалниот успех на професионалното борење во САД.

Scroll to Top