И горивото има рок на траење: Еве колку долго може да остане во резервоарот

Дали постои начин да се провери дали горивото е се’ уште употребливо? Ако бензинот или дизелот се премногу стари, светлото на вашиот автомобил дефинитивно ќе се запали.

Дали знаете колку долго можете да оставите гориво во резервоарот на вашиот автомобил?

Многу луѓе без проблем ќе ги остават своите автомобили на паркинзи и гаражи со месеци без да размислуваат за тоа, но горивото сепак има релативно краток рок на траење и треба да внимавате на тоа за да избегнете проблеми со автомобилот.

Како што советува „Ревија ХАК“, бензините и дизелот не треба да бидат во резервоарот подолго од два до три месеци бидејќи по тој период ги губат својствата и со тоа се потенцијална опасност за моторот.

Во биодизелот со кој се меша дизел горивото има бактерии кои по одредено време почнуваат да создаваат наслаги на тиња, а можна е и корозија или затнување на системот за довод на гориво.

Scroll to Top