Инстаграм-профилот на порностраницата „Порнхаб“ е отстранет од оваа социјална мрежа. Пред да биде избришан „Порнхаб“ имаше над 13,1 милиони следбеници и над 6.200 објави.
“Порнхаб“ споделуваше непорнографски видеозаписи и фотографии, но според Доун Хокинс од Националниот центар за сексуална злоупотреба, профилот промовирал порнографија и прикажувал видеа што ги поттикнуваат луѓето да се занимаваат со порнографија. Истиот овој Национален центар е дел од поддржувачите што лобираа „Порнхаб“ да се отстрани од „Инстаграм“.
„’Инстаграм’ храбро одлучи да го прекине партнерството со ‘Порнхаб’ и време е сите корпоративни субјекти да го следат овој примeр“, изјави Хокинс.