Џим Коч, еден од основачите на Бостонската пивара, тврди дека постои мал трик со чија помош луѓето можат да пијат цела вечер, а да не се опијат. Тој открил дека тајната е во квасецот.
„Пред да почнам со пиење, јадам по една лажица сув квасец, па поради тоа не се опивам“, рекол Коч.
Според Коч, активниот сув квасец содржи ензими кои го разложуваат алкохолот. Тие ензими ги претвораат молекулите алкохол во јаглерод, водород и кислород, што е процес кој се случува кога црниот дроб го раствора алкохолот. Според тоа, јадењето квасец пред консумацијата на алкохолот значи дека тој ќе се разгради пред да дојде до мозокот.
Коч вели дека квасецот нема целосно да го елиминира пијанството, туку само ќе го намали.