Кардашијан има ново момче

Ѕвездата на реалното  шоу Кортни Кардашијан има нов дечко. Станува збор за дваесетгодишниот Лука Сабата, кој е стилист и моден дизајнер. Мајка му е стилистка, а татко му моден дизајнер. Постојано е на релација Париз – Њурјок.

Кортни неодамна раскина со своето поранешно момче, а за магазинот „Пипл“ откри дека е премногу среќна поради тоа.

Нејзиното ново момче е 19 години помлад од неа, а според пишувањата на светските медиуми, викендов двајцата биле видени како разменуваат нежности во еден италијански ресторан во Лос Анџелес.

Потоа Кортни и Лука продолжиле да се забавуваат во луксузен бар со базен. Новопечената двојка се одјавила па патувала во Чикаго на отворањето на еден азиски ресторан и ноќен клуб.

Scroll to Top