Кавали се одмора со 46 години помладата Сандра на островот Корзика

>Кавали се одмора со 46 години помладата Сандра. Славниот дизајнер кој на  83 години доби дете со 45 години помладата Сандра, е на луксузен одмор со својата сакана. Дизајнерот често ужива на островот Корзика, во јахта и никогаш ништо не смее да им недостига, пишуваат медиумите.

Се зборува дека Роберто ѝ купил на својата девојка Лина приватен остров во нејзината родна Шведска, за што издвоил 2,22 милиони фунти. На островот има вила со четири спални соби, ловечка куќа, базен и остатоци од викиншка тврдина, како и терен за голф. Кавали често ужива и на плажите во Мајами, а бил и во Грција.

Кавали и Сандра ја почнаа врската во 2008 година, а и покрај прогнозите дека нема да трае ниту еден месец, нивната љубов и понатаму е силна . Сепак, тоа не ги спаси од коментари дека тој би можел да ѝ биде дедо, а дека Сандра ја интересираат само неговите пари.

 

 

 

Scroll to Top