Силијан Марфи пред да стане глумец имал бенд и музичка кариера

Ирскиот глумец Силијан Марфи пред да стане глумец имал бенд и музичка кариера. Во интервју за NME, рече дека не продолжил со музиката затоа што мислел дека не е доволно добар. Омилени му биле Френк Запа и „Битлси“. Инспириран од Џон, Пол, Џорџ и Ринго, со неговиот брад Паиди го формирале бендот.

Бендот им се викал The Sons of Mr Green Genes, а инспирација за името им била песната на Френк Запа од 1969 година Hot Rats. Песните им биле експериментални, полни со откачени текстови и бескрајни солоа на гитара. На крајот лондонски Acid Jazz им понудил пет албуми, но Марфи и брат му го одбиле.

Им објасниле дека сакале да останат независни.

„Никогаш не мислев дека сум навистина доволно добар. Затоа, знаете, не се занимавав со музика. Сакам да правам една работа во која сум прилично добро”, рече актерот.

Scroll to Top