Ким Кардашијан само што го пушти во продажба новиот парфем и апликација, не престанува со деловните идеи, па така подготвува и нов проект. Станува збор за ријалити шоу, под името „Glam Masters“, каде ќе ја придружува и нејзиниот личен шминкер Марио Дедивановиќ од Црна Гора.
Засега се знае само дека Ким ќе биде извршен продуцент, а Марио еден од судиите во шоу програмата која ќе почне да се прикажува на 28 февруари.
„Бев несигурна во овој проект. Бев многу уплашена, затоа што не знаев што да очекувам. Сепак ова стана едно од најдобрите искуства во мојата кариера. Емотивно е сурово и реално. Едвај чекам сите да го видат. Главната награда на некој сигурно ќе му го промени животот. А ако сакате шминка, ова ќе ви биде омилената емисија“, изјави Ким во едно нејзино неодамнешно интервју.
Погледнете ја најавата за новото ријалити шоу на Ким Кардашијан: