Ким заработува повеќе од социјалните мрежи отколку од реалните шоуа

Ким Кардашијан заработува повеќе од социјалните мрежи, отколку од реалните шоуа. На „Инстаграм“ има повеќе од 239 милиони пријатели и е една од најследените личности на оваа мрежа. Таа е една од најпознатите инфлуенсерки во светот.

Освен присутноста во онлајн заедницата, Ким редовно ги полни насловните страни на светските медиумите. Нејзината популарност постојано расте. Досега, само оваа година заработила меѓу 620.000 и милион американски долари, по објаваите на „Инстаграм“, прценува Influencer Marketing Huba.

Кардашијан во 2020 година откри дека повеќе пари заработила од објавите на „Инстаграм“, отколку од претходните договори за популарното реално шоу за нејзиното семејство Keeping up with Kardashians.

Во моментов има статус на една од највлијателните и познати фигури во актуелната популарна култура. Татко ѝ Роб, прв го прослави презимето Кардашијан уште во 1995 година, кога го бранеше О Џеј Симпсон во контроверзното судење за убиство.

Иако Ким добивала мало медиумско внимание како пријателка и лична стилистка на Парис Хилтон, многу поголемо доби во 2007 година, кога излезе снимката од неа и нејзиниот бивши, пејачот Реј П, додека имале секс. Снимката потоа исчезна во 2002 година.

Осум месеци по инцидентот, семејството одлучи да го искористи јавното внимание и да ја сними првата епизода од шоуто Keeping Up With Kardashians. Во меѓувреме, Ким отиде и чекор понапред и почна со свој бренд за облека Skims и за козметички производи SKYNN by Kim.

Ја искористи глобалната популарност на мрежите да ги промовира и двата бренда и за брзо постигна голем успех и уште поголема заработка. За потсетување, Ким пред месец дена прекина со комичарот Пит Дејвидсон. Заедно беа девет месеци.

„И понатаму имаат љубов еден за друг, но и почит. Сепак врската во далечина и пренатрупаниот распоред беше премногу за одржување на стабилна врска“, рече тогаш извор близок до двојката, а пренесе E!Online.

 

 

Scroll to Top