Колинда во друштво на осуден криминалец

Хрватите се пласираа во полуфиналето на Светското првенство, а нивната претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, ја прослави победата со танц.

Но, хрватските медиуми забележаа дека Колинда седела во ВИП-ложата во друштво на капитенот  на „коцкестите“ од деведесеттите години, Давор Шукер, и Дамир Врбановиќ, поранешен извршен претседател на Динамо Загреб а сега директор во Фудбалскиот сојуз, кој во јуни беше осуден на три години затвор поради обвинувањата поврзани со фудбал.

Многу медиуми пренесуваат дека е скандал претседател на една држава да се појави на јавно место во друштво на осуден криминалец!

Scroll to Top