Куќната помошничка го труела семејството на мексиканската актерка Габријела Шпаниќ

Познатата мексиканска акетрка Габријела Шпаниќ, која е позната по својата улога во серијата „Злобница“, со месеци била труена од страна на својата куќна помошничка Мариса Селеста Фернандез Бабио.

Покрај неа, труени биле и нејзиниот син кој тогаш имал само две години, нејзината бремена сестра и уште неколку членови од семејството.

Труењето со храна не влијаело сериозно на здравјето на семејството на актерката. Единствено за време на труењето членовите на семејството пателе од повремени главоболки, болки во стомакот, мачнини и биле хронично уморни.

Откако актерката и нејзиното семејство заминале на доктор, преку анализите е утврдено дека во организмот имаат сулфат. Докторот им рекол дека последиците би можеле да бидат кобни, ако труењето продолжило. Актерката после тоа ја пријавила Мариса во полиција. Полицијата ја уапсила додека се враќала од Мексико во Аргентина.

Во торбата и пронашле две шишиња сулфат, а истата количина е пронајдена и во нејзината соба во куќата на Габриела. Полицијата се сомнева дека Мариса го труела семејството поради љубомора. Пред да се вработи кај Габриела, Марса работела за нејзината сестра близначка која во тоа време била бремена. Била отпуштена, затоа што се семејството се сомневало дека ја шпиунирала Габриела. Мариса во 2011 година била осудена на осум години затвор.

Животот на една од најпознатите мексикански актерки, Габриела Шпаниќ и интересен и по сапуниците во кои се прослави. Таа е родена во 1973 година во Венецуела. Нејзиниот татко е со потекло од Хрватска, нешто со кое Габриела особено се гордее. Поради тоа Габриела доаѓала во Хрватска во повеќе наврати.

Актерката глумела во бројни теленовели, а јавноста ќе ја памети по улогата на близначката Паула и Паулина во серијата „Злобница“. Иако Габриела ги глумела двете улоги, понекогаш во истата се појавувала и нејзината сестра близначка Даниела.

Последната серија била снимена во 2014 година, но во неа ја немала главната улога. Во меѓувреме Габриела се посветила на музичката кариера и имала настапи ширум светот. Автор е и на некои книги со рецепти. Често била на мета на критики поради пластичните операции. Многумина велат дека по хируршките интервенции, Габриела повеќе и не личи на нејзината сестра.

Габриела била во нарушени односи со Даниела затоа што наводно ја открила аферата која нејзината сестра ја имала со нејзиниот поранешен сопруг Мигел. Габриела се развела од Мигел во 1999 година. Најголемата животна драма и се случила кога Даниела во петтиот месец од бременоста доживеала мозочен удар и завршила во кома.

 

 

 

Scroll to Top