Љубовен хороскоп за мај: Овните ќе ја пронајдат сродната душа, раковите планираат романтично патување

Овен

Ако сте во врска

Почетокот на месец мај ќе ви донесе поголемо внимание од страна на вашиот партнер. Тој ќе покажува иницијатива и од вас ќе очекува да работите на динамиката во врската. Ќе биде страстен, но на моменти ќе сака вие да ја водите врската. Ќе имате многу заеднички излегувања со пријателите и комуникацијата ќе ви биде поквалитетна од кога било.

Ако сте слободни

Ќе бидете во фокусот на вниманието на некоја личност. Таа отворено ќе ви посочи дека сака интимност со вас, но и нешто повеќе. Ќе ви се допадне директниот пристап на оваа личност и сè повеќе време ќе минувате со неа. Очекувајте возбудливи заеднички авантури со неа, но голема веројатност е и односот да се претвори во сериозна врска.

Бик

Ако сте во врска

Ќе имате навистина возбудлив социјален живот, а партнерот ќе ви биде поддршка притоа. Токму новите познанства ќе донесат нова енергија и во вашиот меѓусебен однос. Ќе имате чувство дека вашиот партнер крие нешто од вас и најверојатно ќе бидете во право во врска со тоа. Кон крајот од месецот ќе успеете да ги надминете несогласувањата и ќе си се посветите еден на друг.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот често ќе излегувате со личност која неодамна ја запознавте преку заеднички пријател. Вашиот однос ќе биде исполнет со голем интерес еден за друг и страст. Но, во втората половина на месецот можно е да дојде до заладување на односот затоа што ќе ги видите негативните карактеристики на оваа личност.

Близнаци

Ако сте во врска

Со партнерот ќе остварите некоја значајна цел и со тоа ќе си ја подобрите заедничката финансиска состојба. Често ќе излегувате со него и ќе уживате во разни концерти, претстави и забави. Со него ќе можете да разговарате на секоја тема и ќе си бидете најголема поддршка во еден тежок миг.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе имате ново познанство и некоја личност магнетски ќе ве привлече. Ќе се смеете заедно и ќе сфатите дека имате слични заеднички интереси и теми, па дури и дека ви се допаѓаат исти места за излегување. Но, дури на крајот од месецот ќе почнете сериозно да размислувате за врска.

Рак

Ако сте во врска

Ќе имате интимни мигови со саканата личност и ќе си посветувате повеќе внимание од кога било. Лесно ќе се приспособувате еден на друг и ќе ви годат заедничките патувања. Во втората половина од месецот партнерот ќе биде преоптоварен со работни обврски и тоа може да доведе до конфликти. Имајте разбирање за него и мирот и хармонијата ќе се вратат во вашиот однос.

Ако сте слободни

Некоја личност ќе ве маѓепса со изгледот, но и со начинот на кој зрачи со самодоверба и убава енергија. Ќе откриете дека за многу работи добро се согласувате, но можно е ова да заврши само како авантура. Ако успеете да се отворите емотивно кон оваа личност, можна е сериозна врска.

Лав

Ако сте во врска

Овој месец ќе ги одведе работите во нова насока и со партнерот комуникацијата ќе ви биде поквалитетна од кога било. На ум имате заеднички авантури, а на едно викенд патување ќе доживеете многу романтично изненадување. Внимавајте само некоја трета личност да не ви се вмеша во односот.

Ако сте слободни

На некоја забава ќе запознаете личност со која ќе започнете пријателски однос, кој со текот на комуницирањето може да премине во нешто повеќе. Ќе ве воодушеви тоа што оваа личност е вљубеник во спортот исто како вас и ќе ви се допаѓа што секогаш е подготвена за акција.

Девица

Ако сте во врска

Ќе бидете подготвени да се адаптирате на потребите на партнерот и да си покажете поддршка во тешките мигови. Најверојатно ќе имате можност да отпатувате на некое незаборавно заедничко патување. Ќе има подобрување и на поле финансии, само дозволете си да сонувате со отворени очи.

Ако сте слободни

Некоја личност директно во очи ќе ви каже и покаже дека ѝ се допаѓате. Ќе сфатите дека сакате ист тип на забави, патувања и авантури. Вашиот однос ќе биде исполнет со хармонија, но кон крајот на месецот флерт со некој личност од работа може да ви донесе несогласувања.

Вага

Ако сте во врска

Уште на самиот почеток од месецот ќе бидете опсипани со внимание од саканата личност. Огромната иницијатива за минување повеќе време заедно од страна на партнерот ќе му годи на вашето его. Можно е купување на некоја недвижнина заедно или на правење некој друг голем заеднички потег.

Ако сте слободни

Некоја личност отворено ќе ви се додворува, а вие уште повеќе ќе ја истакнете својата убавина, затоа што ваквиот тип на внимание ќе ви годи. Но, можно е да имате љубовна средба и со некоја симпатија од минатото, па да бидете растргнати на две страни. Бирајте мудро овој пат.

Скорпија

Ако сте во врска

Можни се конфликти со саканата личност, поради бурниот темперамент кој двајцата го имате. Но, втората половина од месецот ќе ве стави во ситуации каде ќе откриете дека имате заеднички интереси. Некоја постара личност од вашата околина ќе ви даде добар совет за врската.

Ако сте слободни

Некоја нова и интересна личност ќе ве натера да ставите крај на мислата дека ви е подобро да сте сингл. Ќе почнете да се гледате со неа и да уживате во романтиката со која ве опсипува. Односот ќе ви биде како динамична авантура, но можно е да биде ставен на тест поради некој здравствен проблем.

Стрелец

Ако сте во врска

Ќе ги планирате работите и ќе ги контролирате своите испади, па така врската ќе ја донесете на едно ново ниво. Ќе ставите крај на кавгите и појасно ќе гледате на некои работи. Повеќе нема да наоѓате замерки на сите потези на партнерот и тоа ќе направи тој да се чувствува ценето од ваша страна.

Ако сте слободни

Времето ќе сакате да го минувате само со позитивни, интелигентни и забавни личности и нема да се смирите додека не пронајдете некоја таква. Токму затоа периодов ќе имате низа кратки авантури и низ глава ќе ви се врти мислата дека сè уште не сте пронашле личност која е вредна за вашето време, труд и внимание.

Јарец

Ако сте во врска

Месецов ќе се насочите кон тоа да ги подобрите семејните односи. На прво место ќе ви биде партнерот и правилната распределба на обврските околу домот. Токму на овие темели ќе градите нов и подобар однос.

Ако сте слободни

Некоја личност ќе ја разбуди искрата во вас за забава и излегувања. Ќе има хемија помеѓу вас, но тешко ќе се одлучите за врска, затоа што сметате дека уште не сте ја преболеле претходната. Дадете си време, но не градете ѕид околу себе. Време е за искрени и долги разговори.

Водолија

Ако сте во врска

Мора да внесете новини во вашата врска, ако не сакате монотонијата да ви ја убие љубовта. Потребна ви е организација, а не постојано едниот да препушта на другиот и на крај да ги кренете рацете двајцата. Некој искрен разговор ќе ви ја врати старата искра во љубовта.

Ако сте слободни

Некоја личност со уникатен стил на облекување и на живот ќе ви го зароби вниманието. На вас таа ќе гледа како на пријател, но вие ќе направите сè што е во ваша моќ за да ја придобиете љубовно. Брзо ќе успеете во тоа поради самодовербата со која зрачите и ќе запловите во сериозна врска кон крајот на месецот.

Риби

Ако сте во врска

Со леснотија ќе ги водите разговорите со саканата личност и заедно ќе работите на решавање на едно недоразбирање од минатото. Конечно ќе ја вратите довербата што ја имавте во партнерот и ќе му се доверите што точно ве мачеше во изминатиот период.

Ако сте слободни

Имате многу високи критериуми и свесни сте дека само поради тоа сте сингл. И месецов многу луѓе ќе покажуваат интерес за вас, но вие слепо ќе се држите до своите верувања. Сепак, некоја личност на најнеочекуван начин ќе ја пробие вашата бариера. Ќе уживате во начинот на кој ви го освојува срцето.

Scroll to Top