Македонија без Барди ќе ги игра натпреварите со Лихтенштајн и Германија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ќе го нема во тимот играчот од средниот ред Енис Барди на натрепварите против Лихтенштајн и Германија во рамки на квалификациите за Светското првенство.

Барди го повреди задниот бутен мускул на натпреварот со Романија и сè уште не е целосно заздравен за претстојните два натпревари. Милевски засега нема да повика нов фудбалер на негово место.

Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. На собирот пристигнаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев.

Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот. Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Македонија на 8. октомври му гостува на Лихтенштајн, а на 11 октомври ја пречекува Германија.

Scroll to Top