Марго Роби и Рајан Гослинг добија свои кукли Барби и Кен

Актерката Марго Роби како и другите ѕвезди од филмот за популарната Барби добија свои кукли. „Мател“ претстави низа кукли Барби кои личат на Марго Роби додека таа го оживува легендарниот лик во филмот кој се очекува во кино салите.

Ѕвездите кои летово ќе ги донесоа куклите на големото платно, сега се претвораат во кукли Барби.

„Мател“ создаде неколку Барбики кои личат на Марго, заедно со кукли кои личат на главниот актер во филмот – Кен- Рајан Гослинг и други клучни ликови од филмот.

Колекцијата вклучува и мини реплика на иконската розова „Дрим хаус“ на Барби и нејзиниот розов кабриолет RC Corvette.

Колекцијата на „Мателс муви Барби“  производи, достапни во колекционерско пакување, сега се на продажба во трговците на мало низ Америка, а во продавницата се со цена од 1,25 до 150 долари.

Scroll to Top