Милош Биковиќ го заврши снимањето на филмот „Заштитени“

Српскиот актер Милош Биковиќ, нам познат по улогите во филмовите „Монтевидео“ и „Ќе бидеме светски шампиони“, денеска во Русија го заврши снимањето на филмот „Заштитени“. Актерот повеќе од една година работеше на овој проект, а откако ја сними последната сцена во којашто глумеше тој, објави фотографија од снимањето.

„Готово. Помина повеќе од една година работа, проби, кастинзи, состаноци, снимање на мраз и на сонце и искушенија. Проектот ‘Заштитени’ е завршен за мене. Ви благодарам што станавте мои соработници и што се појавивте во мојот живот. Заедно направивме вистински подвиг. Ве сакам“, напиша Биковиќ.

Филмот ќе почне да се прикажува во текот на следната година.

Scroll to Top