Натпреварите од Европското првенство во ракомет за првпат на ТВ Телма

Од 12 до 28 јануари следната година во Хрватска ќе се одржи Европското првенство во ракомет за мажи. За првпат првенството ќе го пренесува ТВ Телма, која минатата сезона пренесуваше натпревари од домашното првенство и некои од натпреварите на репрезентацијата на Македонија.

На првенството Македонија на 13 јануари ќе игра против Словенија, на 15 јануари против Црна Гора, а на 17 јануари противник на нашиот тим е репрезентацијата на Германија. Втората фаза од натпреварите ќе стартува на 19 јануари а во неа влегуваат првите три селекции од секоја група. Нашите момци првите натпревари ги играат во Загреб, а ако поминат во вториот круг ќе треба да се преселеат во Вараждин.

Scroll to Top