Мајката на три деца од Тексас, Алис Оглетри, постави нов рекорд за најголема донација на мајчино млеко, дарувајќи вкупно 2.645 литри.
Како што објави „Гардијан“, таа количина млеко е доволна за да се нахранат стотици илјади предвремено родени бебиња.
– Имам големо срце, но на крајот на денот не сум создаден од пари и не можам постојано да давам пари. Донирањето млеко е начинот на кој можам да и помогнам на заедницата – изјави таа во интервју за Гинисовата книга на рекорди.
Ова не е прв пат Оглетри да соборува рекорд.
Рекордот за првпат го постави во 2014 година, кога донираше 1.569 литри млеко, со што и тогаш стана една од најголемите донатори.