Новиот „Спајдермен“ за еден викенд заработи 253 милиони долари

Новиот филм за Спајдермен, „Спајдермен: Пат од кој нема враќање“, за еден викенд заработи 253 милиони долари, велат од специјализираната агенција Exhibitor Relations. Ова е третата најдобра заработка која некој филм ја остварил во САД велат од таму.

Само Avengers: Endgame и Avengers: Infinity War имале подобра заработка од него. Avengers: Endgame заработи 357 милиони долари, а Avengers: Infinity War 258 милиони долари, велат од мрежната страница Box Office Mojo.

Новиот „Спајдермен“ е и најгледаниот филм на студиото Sony, пишува мрежната страница Deadline. Овој филм е трет филм во кој се јавува популарниот британски глумец Том Халанд како Спајдермен. Претходно суперхеројот го глумеа Тоби Мегвајер и Ендру Гарфилд.

И тие доживеаа рекордна гледаност во кино салите. Приказната за новиот Спајдермен сега продолжува таму каде што претходно заврши „Далеку од дома“, филмот од 2019 година, во кој негативецот „Мистерио“ го открива идентитетот на човекот пајак, Питер Паркер.

Средношколецот Паркер сега очајно се обидува повторно да остане анонимен со помош на неговиот пријател, другиот супер херој на „Марвел“, доктор Стрејнџ, кој го глуми Бенедикт Камбербеч.

Scroll to Top