Викендов на интернет се објавени повеќе од 6000 страници документи во кои се и голи фотографии и вулгарни смс пораки од судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп, пренесува Metro.
„Во документите има докази кои пред судењето се доставени од двете страни, а судот одбил да ги вклучи во постапката. Адвокатите на Џони Деп одбиле да ги предадат како доказ голите фотографии од Амбер, а нејзиниот тим пак вулгарните смс пораки меѓу Деп и Мерлин Мансон.
Правната коментаторка Андреа Бурхат призна на „Твитер“ дека собрала 3300 долари за да ги добие копиите и ги направила достапни на нејзината веб страна.
Овие документи за многумина се интересни, а обожавателите на Деп се убедени дека во нив има некои докази дека глумецот е невин. Но, во некои од нив има информации кои Деп и неговиот тим го прикажуваат во негативно светло.
Неговиот тим приложил голи фотографии од Амбер заедно со деталите од нејзината работа, кога била егзотична танчерка. Јавноста брзо го осуди ова како одмазда и обид на судењето се објават голи фотографии од Амбер како докази дека е поврзана со порнографија.
Во пораките меѓу Деп и Менсон, пејачот сопругата Линдѕи Усиш ја нарекува Амбер двојка.
„Имам сериозно полициско сценарио, од типот Амбер со семејството L. Навистина сум под стрес. Не знам дали се вративте, но ми треба азил, затоа што мислам дека полицијата може да дојде по мене“, пишува Менсон во една од пораките.
Се чини дека еден од аспектите на незапечатените документи сугерира дека Деп пати од ректилна дисфункција. За потсетување, во незапечатените судски документи, како што тврдат адвокатите на Амбер, пишува дека глумецот пати од еректилна дисфункција поради која сексуално ја нападнал.
Нејзините адвокати многу лесно ја поврзаа оваа состојба со неговиот гнев и агресија и дека поради истата тој насилно се однесувал, а на крајот и ја силувал.
„Го нареков тоа гневен секс што Џони не можеше целосно да го изведе. Неколку пати ме фрлаше на кревет. Некогаш се нафрлаше на мене од лутина“, рече Амбер и додала дека Деп многу време минувал со пријателите со кои пиел и дека Менсон многу често бил со нив.