Патниците на „Титан“ дознале дека тонат 60 секунди пред смртта, вели шпански експерт

Патниците кои загинаа во подморницата Титан биле свесни за претстојната катастрофа една минута пред експлозијата, изјавил експертот Хозе Луис Мартин.

Шпанскиот експерт за подморници Хозе Луис Мартин сугерираше дека подморницата ја изгубила стабилноста поради електричен дефект што ја оставил без струја, поради што паднала кон морското дно како стрела со отворот свртен надолу.

Тој проценил дека подморницата почнала слободно да паѓа на длабочина од околу 5.600 стапки и паднала како карпа и без никаква контрола на околу 3.000 стапки додека на околу 8.600 стапки пукнала како балон поради брзо менување на притисокот.

Мартин сугерирал дека патниците биле натрупани еден врз друг во застрашувачка целосна темнина во текот на целиот пад, кој траел помеѓу 48 и 71 секунда.

Подморницата Титан ја загуби комуникацијата со својот брод за поддршка во неделата, на 18 јуни, за време на нејзиното спуштање до потонатиот брод Титаник 12.500 стапки под површината.

Неколку дена подоцна беа пронајдени остатоците од подморницата. Се вели дека доживеала катастрофална имплозија.

Scroll to Top