Пет работи што се забранети во Дизниленд

Иако Дизниленд е место од соништата, сепак, постојат одредени работи што не смеете да ги правите додека сте таму.

1. Забрането е носење селфи стапови

Со селфи стаповите и дроновите може да се направат најубавите фотографии од паркот, но ова задоволство им е скратено на посетителите.

2. Забранет влез за посетители со истакнати тетоважи

Во Дизниленд не се добредојдени луѓе со  истакнати и видливи тетоважи на телото. Доколку забележат дека имате тетоважа, ќе мора да го напуштите паркот или да ја прикриете тетоважата на соодветен начин.

3. Забрането е трчање

Дизнилед сака да уживате во нивните паркови, но пешачејќи. Освен што посетителите не можат да трчаат, не може да возат ни тротинет, велосипед или ролери.

4. Забрането е хранење животни

Во Дизниленд не смеете да ги храните животните низ целиот парк, дури ни птиците.

5. Не прескокнувајте го редот

Едно од најстрогите правила во Дизнилед е дека мора да стоите во ред додека чекате да купите билети. Доколку се обидете да поминете побрзо, многу е веројатно дека ќе ве избркаат.

Scroll to Top