По 75 години во брак, починале во ист ден

Младенци кои се венчале во текот на Втората светска војна, Британка и Канаѓанец, починале во исто време  од природна смрт, откако прославиле 75 години во брак, и тоа само неколку часа по прославата.

Џорџ и Џеан Спеарс се запознале за време на игранка во 1941 година во Лондон, а и двајцата починале во истата болница. Двајцата починале во сон, таа во раните утрински часови а тој некаде околу пладне, пренесува Би-би-си.

Џеан била член од Редот на британското кралство, а Џорџ бил канадски офицер.

Тие имале две ќерки, Хедер и Лана.

-Знаевме дека ќе дојде до ова еден ден, но не се надевавме дека и двајцата ќе ги изгубиме во еден ден- рекла нивната ќерка.

Се венчале во 1942 година, а во 1944 се преселиле во Канада, каде и го поминале својот живот, а со британската кралица Елизабета Втора се сретнале во 2011 година за време на нејзината посета во Канада.

Scroll to Top