По десет години Зак Ефрон и Ванеса Хаџенс се повторно во врска

Зак Ефрон и Ванеса Хаџенс се повторно заедно, пренесуваат американските медиуми. Дека двојката по една деценија е повторно заедно, ја потврдил извор близок до актерот, кој сакал да остане анонимен.

„Времето навистина одеше во нивна корист. Зак има само зборови на љубов и почит кон Ванеса, а таа веќе некое време не престанува да зборува за него, иако и понатаму е во врска со својот дечко Остин Батлер“, навел изворот.

Точката на спојување била неодамнешната интервенција на Зак во која тој зборувал за тоа, како веќе долго време не конзумира алкохол. Според неговите зборови, Ванеса ја следела емисијата на телевизија и се јавила да каже дека е многу горда на него и неговиот напредок.

„Двајцата созреаа, го согледаа минатото и сватија што имаат заедно. Повеќе не постои зла крв меѓу нив двајцата “, завршил изворот.

 

 

Scroll to Top