Почина францускиот актер Адама Ниан од серијата „Лупин“

Почина францускиот актер Адама Ниан, кој беше најпознат по улогата во хит серијата на Нетфликс „Лупин“. Тој почина на 56-годишна возраст, а  причината за неговата смрт се уште не е позната.

Ѕвездата на серијата, Омар Си, му оддаде почит на својот колега на Твитер со порака дека актерот е ретко добар човек.

„Моето најдлабоко сочувство до најблиските на Адама Ниан, голем актер со кој имав можност и задоволство да работам. Почивај во мир“, напиша тој.

Адама Ниан го играше убиецот и поранешен осуденик Леонардо Коне во „Лупин“. Неговиот последен актерски проект беше во ТВ серијата L’lle aux 30 Cercueils од 2022 година, каде што ја презеде улогата на Јаник Лантри.