Почина Лиса Лоринг, актерката што ја глумеше првата Венсдеј Адамс

Актерката Лиса Лоринг, која ја играше првата верзија на ликот Венсдеј во легендарната серија „Семејството Адамс“, почина на 64-годишна возраст.

Според американските медиуми, таа починала од мозочен удар.

Нејзината добра пријателка Лори Јакобсен ја сподели веста за смртта на Лиса на Фејсбук.

Лоринг ја играше улогата на Венсдеј Адамс од 1964 до 1966 година во првата филмска адаптација на Адамс. Таа ја презеде улогата кога имаше само пет години.

Венсдеј повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако се појави серијата на Нетфликс која се фокусира на тој лик и постигна голема популарност меѓу гледачите. Улогата на Венсдеј во серијата на Нетфликс ја глуми актерката Џена Ортега.

 

Scroll to Top