Појадок за секоја жена која сака да ослабе

Овој рецепт го користат и голем број манекенки пред некој важен настап, кога е потребно да имаат совршено рамен стомак. Смесата е здрава, па може било кој да ја користи без штетни последици по здравјето. Најдобро е да се консумира наутро. Ќе се чувствувате многу подобро, а ќе го намалите салото од стомакот.

300 мл кефир
7 суви сливи
2 лажици овесни снегулки
1 лажица ленено семе
1 лажица какао во прав

Сувите сливи прелијте ги со 100 мл топла вода и оставете ги 10-тина минути за да набубрат и да се хидрираат.

Лененото семе сомелете го свежо. Користете само свежо сомелено ленено семе, а доколку не сте во можност да го сомелете, тогаш употребете го целозрнесто.

Користете квалитетно какао, мелено, или какао во зрно, па и него сомелете го.

Во посебен сад измешајте ги овесните снегулки, лененото семе, какаото и прелијте со кефир.

Подоцна исечкајте ги набубрените сливи и додадете ги во смесатa. Промешајте и консумирајте откако ќе испиете две чаши млака вода на гладен стомак.

Scroll to Top