Состојки:
450 г брашно, 1 сув квасец и 300 мл млака вода
Брашното ставете го во подлабок сад за месење, во него направете дупче каде ќе го истурите квасецот, додека солта ставете ја околу, не директно во квасецот. Ставете ја млаката вода и земете дрвена лажица па мешајте додека да добиете меко тесто. Одозгора наросете малку брашно, завиткајте го садот со проѕирна фолија и оставете 15-тина минути на собна температура да порасне. Потоа мекото и лепливо тесто истурете го врз набрашнета маса и со набрашнети прсти само малку оформете го во топка или во саканата форма. Потоа префрлете врз набрашнета хартија за печење. Повторно наросете со брашно, покријте со крпа па оставето да нарасне. Тестото заедно со хартијата се префрла во сад за печење. Се става во рерна загреана на 220 степени, а потоа се намалува на 200 степени и се пече 15-тина минути, па се покрива со фолија и се допекува, вкупно околу 45 минути.
Домашно лепче со дучиња
Состојки: 1кг. брашно, 40 гр. квасец, 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 700-800 мл. вода
Подготовка:
Одмерете ја млаката вода, растворете во неа квасецот. Во брашното додадете ги солта и шеќерот, измешајте. Замесете со водата во која е растворен квасецот, но не ја ставајте одеднаш целата, зависно од типот на брашното понекогаш таа количина на вода е многу, па доволно е да ставите 600 мл. а потоа оценете дали брашното доволно ќе впие. Оставете лебот да стаса. Потоа размесете го и оставете повторно да стаса, пак размесете и по трети пат нека стаса. Кога веќе и по третиот пат е стасано тестото, подготвено е за размесување. На работната површина посипете повеќе брашно и директно земајте од тестото кое е стасано. Земате количина на тесто колку што сметате да ви биде голем лебот. Формирајте или векна или округло лепче, увалкајте го во брашното и преместете го на чаршавче да стои, така направете и со останатиот дел од тестото. Додека да стаса формираниот леб, вклучете ја рерната на 200 степени, ставете ја во неа тавата во која ќе се пече лебот нека се загрева. Кога ќе стаса лебот ставете го во загреаната тава, и печете. Лебот се пече 45 минути.