Пред точно 32 години на 18 ноември 1985 година, престана производството на автомобили „фиќо“, кој ги моторизираше поранешна Југославија.
Нешто помалку од три децении во Крагуевац, беа направнеи 923.487 примероци од легендарниот модек кој е оригинален како „Фиат 600“, претставен во март 1955 година.
Автомобилот со две врати, чиј багажник беше напред, а моторот и менувачот позади, го движеше студен 4 цилиндричен мотор, опремен со 633 кубика, и сила 21,5 коњски сили.
Истата година е потпишан е лиценцен договор за производство на фијат 600 во Југославија. Во време кога се појави новиот автомобил, во листата на Борба, весникот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија, излезе со краток стрип Курир Фичо (автор Милорад Добриќ) во кој главниот јунак благо и духовито ја критикуваше девајацијата во општеството.
Пробната серија од 25 возила е направена во 1956 година откако фичото постојано беше унапредувано и подобрувано.
Последната еволуција била „застава 850“, претставена на белградскиот авто салон во 1989 година, најсилното сериско фиќо (35КС) со мотор фијат 850ОТ.