Родители реагираат за сексуализираните сцени во детската емисија „Телетабиси“

„Телетабиси“ отсекогаш била прилично чудна детска емисија. Родители биле шокирани што се прикажува во емисијата откако погледнале една од сцените прикажана во серијата, по што една мајка дури им забранила на своите деца да ја гледаат серијата.

Видеото го споделил родител на социјалната мрежа Тик ток и напишал: „На видеото се гледа како виолетовиот Телетабис, Тинки Винки дува во дувалка што се протега толку далеку што успева да стигне до задникот на зелениот Телетабис, Дипси, кој се наоѓа на другата страна од ридот. Дувалката го скокотка Дипси по задникот, додека тој ужива“, стои во описот на родителот.

Сцената не им се допадна на многу гледачи кои го споделија своето незадоволство од она што го виделе.

„Сега знам зошто мајка ми не ми дозволуваше да ги гледам кога бев дете“, „Изненаден сум што луѓето мислат дека родителите премногу размислуваат за ова. Не. Не е во ред“, „Ова е причината зошто никогаш не дозволувам моите деца ја гледаат оваа емисија“, „Не им дозволив на моите деца да ја гледаат оваа серија. По една епизода ја забранив“, се дел од коментарите за детската серија.

Оригиналната серија „Телетабиси“ првпат се емитуваше во 1997 година и траеше до 2001 година, пред да биде обновена во 2015 година и да трае до 2018 година.

Scroll to Top