САД одобрија нов лек за слабеење, кој досега се користеше за лекување на дијабетес

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) одобри лек за слабеење на американската компанија Ели Лили, овозможувајќи му да влезе на профитабилниот пазар што го освои ентузијазмот на Вол Стрит оваа година. ФДА го одобри тирзепатидот за продажба под името Zepbound на возрасни со индекс на телесна маса (БМИ) од најмалку 30 или 27, доколку пациентот има и друга медицинска состојба поврзана со тежината, како што е срцево заболување.

„Дебелината и прекумерната тежина се сериозни состојби кои можат да се поврзат со некои од водечките причини за смрт, како што се срцевите заболувања, мозочниот удар и дијабетесот“, рече во изјавата Џон Шаретс, директор на Центарот за истражување и евалуација на лекови при ФДА. Tirzepatid е веќе одобрен под трговското име Mounjaro за дијабетес тип 2, и се повеќе се користел за губење на тежината пред официјалното одобрение од Администрацијата за храна и лекови.

Текстот САД одобрија нов лек за слабеење, кој досега се користеше за лекување на дијабетес е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top