Салма Хајек објави разголени фотографии од младоста

Актерката Салма Хајек (57) ги воодушеви социјалните мрежи со своите фотографии од младоста на кои позира целосно гола.

Хајек објави серија од три фотографии на кои позира целосно гола на кревет, покривајќи ги градите со рацете.

„Некои велат – никогаш не гледај зад себе, но понекогаш тоа е најдобриот поглед“, напиша таа во описот на објавата.

Салма ги воодушеви своите следбеници со изгледот, а некои дури и предложија повторно да се фотографира на сличен начин.

„Се надевам дека сега ќе се фотографираш вака“, „Тоа беа времиња… убава си“, „Не се менуваш, убава тогаш – убава сега“, беа дел од коментарите.

Scroll to Top