Номинациите за филмските награди „Златен глобус“ 2021 година ќе бидат објавени денес, а ќе ги откријат актерките Сара Џесика Паркер и Taраџи П. Хенсон. Наградите ќе ги објават денес во 8.35 наутро по источноамериканско време или во 14.35 по наше на шоу на Ен-би-си, подоцна од вообичаениот датум на кој се објавуват.
„Глобусите“ се втори по важност по „Оскарите“ и ја одбележуваат првата голема церемонија во календарот, но годинава беа одложени поради Ковид-19.
Британските sвезди, како Оливија Колман, Кери Мулиган, Сер Ентони Хопкинс и Саша Барон Коен, се меѓу очекуваните за номинации, според Би-би-си.
Во игра се и Вајола Дејвис и Мерил Стрип, а се очекува и покојниот Чедвик Боузман да биде постхумно номиниран за најдобар спореден актер.
