Се омажи српската фолк пејачка Теа Таировиќ, за венчавката парот потрошил 100.000 евра

Српската фолк пејачка Теа Таировиќ се огласи на социјалните мрежи откако се омажи за Иван Врдај. Засега не сакала да го коментира својот приватен живот.

„На мојата публика – многупати и’ кажав дека никогаш нема да се омажам, па еве ме во венчаница (овојпат навистина). Му подадов рака на човекот што го сакам и кој ме сака… Без резерва, без калкулации, без ако и но, затоа што на љубовта, како и на музиката, давам сè, до крај. Ве сака Теа Таировиќ“, објави таа на Инстаграм.

Парот за организирање на венчавката потрошил 100.000 евра. Таировиќ носеше венчаница дизајнирана од Бојан Петровиќ, украсена со кристали.

Церемонијата се одржа на фарма во близина на Нови Сад. Тие ги поканија семејството и блиските пријатели. Меѓу нив се пејачките Сања Вучиќ и Барбара Бобак.

Пејачката пред олтарот ја донесе нејзиниот татко Зоран Таировиќ. Младенците за својот прв танц ја избраа песната „Рингишпил“ од Ѓорѓе Балашевиќ.

Scroll to Top