Се продава куќата на Ивана Трапм на Менхетн

Куќата на првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана, се продава за 26,5 милиони долари. Куќата се наоѓа на Менхетен, а приходот ќе го добијат нејзините три деца Доналд Трамп Јуниор, Ерик Трамп и Иванка Трамп.

Куќата ја купи во 1992 година за 2,5 милиони долари истата година кога се разведе со Доналд.

Има простор од 6725 квадратни метри и целата е украсена со розев мермер, кристали, леопард принт и злато. Ѕидовите се во златна и црвена боја, а влезниот ходник е украсен со црвен тепих.

До горниот кат се стигнува со лифт или преку мермерни скали, на кои има црвен тепих и насликан мурал. Дневната соба е украсена со зелени нијанси во комбинација со златни детали. Има голем бел клавир меѓу две соби, на кој свират професионални музичари. Ивана не го користела.

Има неколку купатила, а едното е украсено во сино-бели црти и со кристали на огледалото. За потсетување Ивана и Доналдс се венчаа во 1977 година, а се разведоа 15 години подоцна во 1992 година. Ивана почина минатата година во незгода кога падна по скали и доби тешки повреди на главата.
Scroll to Top