Сите модни утки на албанскиот премиер Еди Рама

Премиерот на Албанија Еди Рама, освен по своите политички ставови, одамна е стана препознатлив и по својот невообичаен начин на облекување, кој, мора да се признае, не е секогаш примерен за публиката.

Најголемото внимание Рама го привлече во јули минатата година, кога на Панелот на цивилното друштво во рамките на Самитот на Берлинската иницијатива во Трст, се појави со бели „адидас“ патики и црно одело.

Секако со непримерен стајлинг се појавил и претходно во мај, кога се појавил на состанокот на премиери на Западниот Балкан во Брисел, кој го организирала високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. Рама пресериозно го сфатил моментот дека станува збор за неформален состанок, па решил да се појави во патики и панталони кои премногу наликувале на тренерки.

 

Во август решил својот излет во модните води да го исполни со невообичаен избор на кравата. На самитот на Јадранската повелба одржан во Подгорица, се појавил во одело и бели патики, а одевната комбинација ја исполнил со кравата од цветен дизајн.

Од тој период, по се изгледа дека албанскиот премиер решил својо моден бунт да го сведе само на краватите. На состаноците во Брисел сега носи исклучиво одело и чевли, но затоа не се откажува од шарените кравати.

Сепак, малку е познато дека Еди Рама дипломирал сликарсво на Академијата на уметност во Тирана во 1982 годиан и дека потоа четири години минал во Франција обидувајќи се да изгради кариера како уметник.

Како тинејџер професионално се занимавал со кошарка, а играл за кошаркарскиот клуб Динамо од Тирана. Исто така своевремено бил и дел од албанската кошаркарска репрезентација.

Својата наклоност кон уметноста ја покажал во 2015 година, за време на оддавањето на почест на жртвите од магазинот Шарли Ебдо, кога во џебот од сакото, место соодвено марамче, носел боици и бои од француското знаме.

Пред да стане премиер на Албанија, Рама бил претседател на Албанската асоцијација на градоначалници и Министер за култура. Познат е по своите проекти на отстранувања на трафики, проширување на улици кои и по неговото овластување се правени преку приватно земјиште, како и отстранување на нелегално подигнати објекти од јавните површини, брегот на реката Лана и јавни паркови.

Светската слава во Рим му ја донеле проектите од уредувањето на Тирама меѓу кои особено е познат по проектот на градот со ведри бои во рамки на кои е извршено фарбањето на фасадите на старите згради со разнобојните пастелни и ведри бои и чистењето на брегот на реката Лана која тече низ Тирана.

Во 2004 година, е прогласен за најдобар градоначалник на светот, а во 2005 година заврши на листата на Тајм за европски херои.

 

Scroll to Top