Со стара искршена „лада“ Азербејџанец тргнал да помага во Турција

Сервер Беширли со неговиот брат Имамверди Беширли, тргнале за Турција со својот натоварен дотраен автомобил за им помогнат на настраданите во земјотресот.

Првата земја која и пријде за помош на Турција беше Азербејџан од каде тргнаа спасувачките екипи, а луѓето се организираа и почнаа да испраќаат помош.

Сервер Беширли живее во трошна куќа во Баку.

„И ние доживеавме ваква катастрофа. Имаше жени без облека и чевли. И ние го доживеавме истото, го знаеме тоа чувство. Не помогаме само ние, туку помагаат и другите Азербејџанци, дури и оние кои живеат во други земји. Бев сведок на ситуација кога дојде девојче, го соблече палтото и го даде во хуманитарни цели“, рече тој.

На социјалните мрежи се споделува фотографијата од Сервер и неговиот брат, и многумина корисници ги нарекоа симбол на солидарност. Само на Твитер е прегледаната три милиони пати и споделена речиси две илјади пати, со што е соборен рекордот за споделување на социјалните мрежи.

Scroll to Top