Со трамвај до плажа: атракција во градот Солер стара 110 години

Иако секој трамвај е посебен на свој начин, многумина ќе се согласат со тоа дека најневообичаениот се наоѓа во Маљорка, најголемиот остров во Шпанија и дел од архипелагот Балеарски Острови. Во градот Солер може да се прошетате со трамвај од морето до планината за половина час. Пуштен во употреба во 1913 година, трамвајот во Солер е повеќе од само атракција. Во минатото, жителите на гратчето патувале со трамвај до пристаништето и до плажите.

Можете да го започнете патувањето со трамвај од станицата која го поврзува главниот плоштад со градскиот пазар или пак да го почекате трамвајот во сенката на чинарот, пред влезот во историската зграда на железничката станица. Возејќи низ градот, ќе поминете покрај многубројните плоштади, а ќе можете и да ги видите градското собрание и црквата посветена на Свети Вартоломеј.
Scroll to Top