Светскиот диџеј Алан Вокер сними спот со познати југословенски симболи

Својот последен спот, за песната Darkside, светски познатиот диџеј Алан Вокер, го снимал во Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Спотот е прегледан повеќе од осум милиони пати за само четири дена.

Во истиот може да се препознаат споменикот на Битката на Сутјеска во Босна и Херцеговина и споменикот на Револуцијата на народите Мославина во селото Подгариќ.

Монументалната бетонска скулптура во Тјентиште во 1971 година е во знак на сеќавање на битката на Сутјеска. Ја изградил кипарот Миодраг Живковиќ. Споменикот е еден дел од Меморијалниот комплекс кој ја преживеал војната во Босна и Херцеговина, само затоа што во текот на рушењето недостастувале тони експлозив за да се дигне во воздух.

Споменикот се состои од две симетрични поставени камени бетонски крила, високи 19 метри. Меѓу крилата се наоѓаат борците и колоните во движење, а зад него бригада со камени траги на кои се запишани имињата на единиците. Споменикот и изведен од бел бетон, а го открил претседателот на Југославија Јосип Броз Тито.

Споменикот на Револуцијата на народите е монументален споменик кај местото Подгариќ во Мославина. Го изработил кипарот Душан Џамоње. Висок е десет, а широк 20 метри.

Мославачка гора во текот на Народноослободителната војна била партизанска база на Мославина и се простирала широко низ подрачјето се до Загреб. Во близина на селото Подгариќ во 1942 година била основана партизанска болница Стара конспирација, а со време Подгариќ станал центр на востанието. Во него престојувал Централниот комитет на Комунистичката партија на Хрватска.

Спотот започнува со кадри од водопадот Кравица. Алан Вокер 20 годишниот норвешки британски диџеј се прослави со хитот Faded од 2015 година. Минатата година DJ Mag го стави на 17 место од 100 најдобри диџеи во светот.

Scroll to Top