Откако А1он ја објавија приказната за катастрофалната состојба во која се наоѓа семејството Зафировски и куќата во која живеат, една скопска градежна фирма се пријави да донира градежен материјал и останати потребни средства за изградба на тоалет и санирање на покривот на руинираната куќа во Долно Лисиче.
Работниците од денеска почнаа да го градат тоалетот кој се очекува да биде готов во текот на неделата по што ќе следи реновирање на покривот. До сега близнаците кои се оставени од нивните родители, бабата и дедото ги бањаа во корито. Никогаш немале тоалет.
Близнаците Тео и Тони напуштени од родителите живеат без основни услови за живот
Исто така, банкарската сметка на Веле Зафировски, дедото на Тео и Тони е одблокирана преку донациите на граѓаните со што минусот на трансакционата сметка е сведен на нула. Жена во банка го платила долгот од 23.000 денари по што сметката сега е функционална.
Денеска близнаците Тео и Тони денот го поминаа украсувајќи ја новогодишната елка заедно со пријателите од фолклорното друштво.