Том Круз наводно веќе не е дел од  Скиентологијата

Светките медиуми пренесуваат дека Том Круз наводно веќе не е дел од  Скиентологијата и дека престанал да го посетува седиштето на  британската заедница, додека престојува во Велика Британија каде е скоро три години додека ги снима своите најнови филмови.

Тоа повторно ги поттикна гласините дека ѕвездата од „Топ ган“ и „Невозможна мисија“ веќе не е дел од скиентолошката заедница.

Ова не е првпат да се говори за „оддалечувањето“ на Круз од Скиентологијата. Гласините почнаа во 2021 година, кога американските медиуми пишуваа дека Круз има „религиозна криза“, наводно обидувајќи се „да се ребрендира“ како „филмска мегаѕвезда“, наместо „г-н скиентологија“.

Круз сѐ уште не ги коментирал овие наводи.

Глумецот е поврзан со верската заедница наречена скиентологија скоро 40 години, откако неговата прва сопруга Мими Роџерс го запознала со тоа учење, пишува Cheat Sheet. Се пишуваше и дека тој наводно се обидел да привлече повеќе ѕвезди од светската сцена, поради што се распаднале повеќе бракови и врски, па дури и дека наводно таа црква му наоѓала нови партнерки на Круз.

Scroll to Top