Том Круз за новата Невозможна мисија, тоа ќе биде врв на моите вештини

Том Круз за новото продолжение на „Невозможна мисија“, рече дека тоа ќе биде нешто невидено досега и дека ќе биде врвот на неговите вештини. Актерот годинава работеше на седмото продолжение кое треба да излезе во јули годинава. Во него, освен што ќе глуми, Том е и продуцент.

Филмот го опиша како вистинска епска авантура и откри дека е направен во два дела. Исто така, објасни дека гледачите ќе ја видат кулминацијата на сите негови вештини и дека филмот ќе ги воодушеви дури и оние кои не се запознаени со франшизата, пишува Variety.

„Овој филм е врв на сите мои вештини. Се случуваат многу работи, а најважниот дел е снимањето и раскажувањето на приказната“, рече Круз кој ја повторува улогата на Итан Хант.

Заедно со него ќе ги видиме и актерката Хејли Атвел (49) и актерите Винг Рејмс и Симон Пег (53). Интересно е што Хејли наводно имала и кратка романса со Круз додека го снимале филмот.

„Поминаа заедно интензивен период на снимање. Одлично се согласуваат, но решија да останат само пријатели. Том има премногу обврски и постојано патува, а тоа е една од причините зошто не функционираат заедно“, рече за британски „Сан“ извор близок до актерот.

Лондонската премиера на филмот се одржа во четвртокот, а Круз на црвениот тепих зборуваше за љубовта кон актерската и продуцентската кариера.

„Кога имав три или четири години, скокнав од покривот ѝ се качував на дрвја. Сакав да снимам филмови, сакав авантура, сакав да го прошетам светот“, рече тој на премиерата.

Филмот во американските кина пристигнува на 12 јули, а во европските кина неколку дена подоцна.

Scroll to Top